Германците ќе градат сами

13.12.2013 15:39

Челниците на германската фудбалска федерација донеле одлука сами да изградат тренинг камп за својата селекција, во Бразил, за претстојното СП што ќе се одржи во оваа јужноамериканска земја, наредната година.
 
Како што наведуваат колегите од престижниот германски весник Билд, за помалку од 6 месеци во Порто Алегре би требало да почне процедурата за изградба на германската фудбалска база.
 
Ќе бидат изградени 13 куќи во кои што ќе бидт сместени фудбалерите и челниците на германската фудбалска федерација. Веднаш до местото за престој, ќе биде изграден и луксузен тренинг центар, оддалечен на само 15 минути.
 
Оваа иницијатива ја покренал селекторот Јоаким Лев, кој што не бил задоволен од ниту еден од понудените тренинг центри, со кои што во моментов располага организаторот на 20-то светско првенство.
 
Бранко Чупески