Енергетски биланс

13.12.2013 16:38

Високата цена ја намали потрошувачката на сите видови енергија за 7,2% во 2013-та

И во иднина   две  третини  од потребите ќе се обезбедуваат од домашни извори,  а остатокот ќе се увезува . Нафтата и струјата учествуваат со  80 % во вкупната потрошувачка ,а остатокот отпаѓа на  другите  видови енергија.Сепак во фокусот е  електричната енергија. Ќе ја има доволно  и  во најголем дел ќе ја испорачува ,,Електрани на Македонија.

,,В година 80% од потребите за електрична енергија ќе се обезбеди од домашни потреби ,а нето увозот се планира да биде помал за 27,5%  во однос на 2013-та.” –порача министерот за економија Ваљон Сараќини .

Мерките на енергетска ефикасност даваат ефекти и  сега  сите штедат енергија, но потрошувачката по единица производ во индустријата е превисока.

  ,,Нема некое зголемување на потрошувачката на електрична енергија ,а тоа се должи најмногу  на преземените мерки за енергетската ефикасност која придонесе потрошувачката на струја да биде помала . “-вели Лазар Гечевски , директор на Агенцијата за енергетика .

За в година се предвидува зголемување на потрошувачката на приридниот гас за околу 39%, додека кај нафтата и струјата ќе има незначително зголемување .Во 2014 –та ќе има доволно енергија и континуирано снабдување, порачуваат од Министерството за економија.  

Свето Николовски