Раст на БДП и во третиот квартал!

13.12.2013 19:11

3,3 проценти изнесува растот на БДП во третиот квартал, објави Државната статистика. Извозот на стоки и услуги зголемен за 7,2 %, увозот се намалил за 2,1.

3,3 проценти изнесува растот на БДП во третиот квартал, објави Државната статистика. Извозот на стоки и услуги зголемен за 7,2 %, увозот се намалил за 2,1.

Годинава на економски план ќе ја завршиме во позитива. По растот од 2,9 проценти во првиот и од 3,9 во вториот квартал, Државната статистика исфрли уште едни, позитивни податоци. Во третиот квартал БДП пораснал за3,3 насто, со што просечениот раст за периодот јануари – септември изнесува 3,4 проценти. Градежништвото повторно е моторот на домашната економија. Во третото тримесечие растот во овој сектор изнесува цели 30,5 проценти.

Растот е генериран од два извора: прво, високото ниво на капитални инвестиции овозможи да заживее градежништвото и другите поврзани индустриски гранки, и втор носител на растот беше извозот, кој главно го правеа странските инвеститори во слободните економски зони и кои веќе учествуваат со околу 20 проценти во вкупниот извоз, изјави Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии

Во предложената државна каса за наредната година има зголемување од 20 проценти на средствата наменети за капитални инвестиции, пари во кои се крсти бизнис-секторот.

Сумата од 370 милиони евра наменети за капитални инвестиции е значителна, и доколку се реализираат сметаме дека ќе продолжи позитивниот тренд на економски раст и зголемувањето на БДП до планираното и проектирано ниво од 3,2 процента, но ние сме пооптимисти и сметаме дека можеме да имаме раст и од околу 3,5 проценти”, изјави Митко Алексов, извршен директор на ССК

Според фискалната стратегија на Владата, растот во 2015-та се предвидува дека ќе достигне 3,8 проценти, додека во 2016-та повторно ќе се вратиме на стапка на раст од 4,5 насто.

Мартин Пушевски