Претседателот Иванов во Валандово на „Ден на калинката“

09.10.2013 11:02

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов со сопругата Маја, денеска во Валандово ќе присуствуваат на манифестацијата „Ден на калинката“

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов со сопругата  Маја, денеска во Валандово ќе присуствуваат на манифестацијата „Ден на калинката“, што се организира во рамки на кампањата „Здрава храна за детство без мана“.
 
Кампањата „Здрава храна за детство без мана“ се спроведува под покровителство на  Маја Иванова, и е посветена на здравата храна со цел да се подигне свеста за консумирање на здрава храна кај децата и учениците.
 
Кампањата се реализира трета учебна година во градинките и училиштата, како дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ во соработка со Министерството за образование и наука и здружението „ОХО“.