Тешки времиња за МЗТ Скопје Аеродром

Црвена Звезда - инспирација за подвиг

15.12.2013 17:33

Во исклучително тежок период во којшто настојува да ја врати формата, да ги поправи резултатите и да се прилагоди на барањата и на начинот на работа на новиот тренер Зоран Мартич, македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје ја пречекува Црвена Звезда, лидерот на табелата во АБА Лигата. Во многу непријатен момент Аеродромци во 12.коло се соочуваат со екипата којашто резултатски досега покажа најмногу во јадранската регионална конкуренција и доаѓа во Скопје со намера да ја задржи челната позиција.

МЗТ Скопје гравитира во долниот дел на табелата и со негативен биланс од четири победи и седум порази е во ситуација да мора да врзе неколку успеси едноподруго, ако сака да го поправи пласманот. Но, сезонава е далеку од такво нешто, а победите ги забележа над Олимпија, Будуќност, Крка и над Игокеа. Се уште е без полн погодок на туѓ паркет, што особено е проблем, бидејќи со наведнати глави заврши неколку гостувања на кои претендираше на триумф. Посебно болен беше последниот неуспех во Широки минатата недела, кога нашиот тим уште еднаш покажа две драстично различни лица, поради што повторно остана со празни раце.

Црвена Звезда не успеа да избори пласман во Топ 16 фазата од Евролигата, но ќе продолжи во втората рунда од натперавритѕе во Еврокупот, натпреварувањето од коешто МЗТ ќе се прости в среда, со мечот од последното коло против Уникс Казан, по што и дефинитивно ќе се насочи само на настапите на Јадранот. Против белграѓани денеска ќе го нема во составот Американецот Џастин Рејнолдс, со кого клубот ја прекина соработката по серијата бледи изданија оваа есен, а ќе дебитира најновото засилување, 20-годишниот Србин Иван Маринковиќ. Тој ќе го облече дресот на македонскиот шампион токму против клубот чиишто бои ги бранеше во јуниорските денови од кариерата.  Откако го прескокнаа гостувањето кај Калев Талин во средата, на паркетот пак ќе се најдат искусните Гечевски, Чековски и Оташевиќ, како и Лучиќ, кој патуваше во Естонија, но воопшто не заигра.

Мечот МЗТ Скопје Аеродром-Црвена Звезда се игра во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје од 17 часот, со директен пренос на МРТ-1.

*

Кошарка, АБА лига, 12.коло

Игокеа – Цедевита                96-89

Цибона – Широки                91-80

Крка – Олимпија                   67-63

Задар – Раднички                  89-76

Мега Визура – Солнок         95-89

МЗТ Скопје А. – Ц.Звезда    недела

Партизан – Будуќност          недела