Бизнис билтен

09.10.2013 11:19

Белград – Србија годишно губи околу 200.000 хектари земјоделско земјиште така што нејзините граѓани и стопанството неповратно се уништуваат, пишува Новости. Секоја година само од рудниците се губат 200 хектари плодна земја, а пепелиштето кое го создаваат термоелектраните годишно зазезма по 1.200 хектари во Србија. Уште 100.000 хектари исчезнуваат во Банат поради вадење на глина, а 126 ископини на песок уништуваат дополнителни 60.000 хектари.
Белград – Србија годишно губи околу 200.000 хектари земјоделско земјиште така што нејзините граѓани и стопанството неповратно се уништуваат, пишува Новости. Секоја година само од рудниците се губат 200 хектари плодна земја, а пепелиштето кое го создаваат термоелектраните годишно зазезма по 1.200 хектари во Србија. Уште 100.000 хектари исчезнуваат во Банат поради вадење на глина, а 126 ископини на песок уништуваат дополнителни 60.000 хектари. Околу 20.000 хектари земјоделско земјиште го уништува ерозија поради ветерот и водата, а дополнителни 3.000 хектари губиме поради недостиг на еколошка свест. 
 
Сараево – Во Босна и Херцеговина во првата половина оваа година повеќе патници се превезле со авиони отколку со возови, покажуваат податоците од Агенцијата за статистика на БиХ. Во првите шест месеци во 2013 година во БиХ со авиони се превезле 342.000 патници, а со возови 322.000 патници. Во превозот на патниците во БиХ доминира патниот сообраќај, со 95 отсто, воздушниот сообраќај учествува со три отсто, а железничкиот со два отсто. 
 
Сараево – Дефицитот на буџетот во Босна и Херцеговина за првите шест месеци оваа година изнесувал 750 милиони КМ, т.е. околу 375 милиони евра. Истовремено во истиот период лани бил 1,2 милијарди марки, соопшти Централната банка на БиХ. Од Централната банка наведуваат дека главна причина за ваквото подобрување на надворешната позиција на економијата на БиХ лежи во поволните движења во стоковата надворешно трговска размена во првата половина на годината, кога е забележан раст на извозот и намалување на увозот. 
 
Токио – Џапан ерлјанз првпат купи авиони од Ербас, задавајќи со тоа удар на компанијата Боинг, која со децении беше главен снабдувач на јапонскиот авионски превозник. Џапан ерлајнз објави дека купил 31 авион од Ербас од типот А350 за 950 милијарди јени, што изнесува околу 9,5 милијарди долари. Договорот за купување е потпишан во Токио и вклучува можност за купување на уште 25 авиони, Не е кажано колкава е вкупната вредност на договорот. Европската компанија Ербас е ривал на американската Боинг на пазарот на авиони. 
 
Пекинг – На Америка и отчукува часовникот и се помалку има време да го избегне банкротот, предупредуваат кинеските политичари. Банкротот на САД може сериозно да ги загрози економските интереси на Кина, изјави заменик министерот за финансии на Кина Џу Гуагџао. – Важно е Америка, како најголема светска економија и емитер на најважната светска валута, да го сочува кредибилитетот на своите државни обврзници. Тоа е важно за стопанството на САД, како и целиот свет – рече Џу за новинарите во Пекинг. 
 
Њујорк – Првиот човек на Мајкрософт Бил Гејтс сака дел од своето богатство да го пренасочи во иднина на исхраната, па се одлучи да инвестира во компанија која произведува лажно месо. Како што пренесе Кварц, Гејтс вложил за сега непозната сума на пари во компанијата Бијонд мит, која се бави со производство на храна од растително потекло, но која по изглед и вкус потсетува на месо од животинско потекло. Гејтс порано таа компанија ја нарекувал една од трите кои ќе го формираат начинот на кој се храниме. 
 
Варшава – Амазон ќе отвори три нови логистички центри во Полска до 2015 година, што ќе доведе до отварање на 6.000 нови работни места соопштено е во Варшава. – Воодушевени сме што Амазон доаѓа во Полска. Отварањето на три нови логистички центри и илјадници нови работни места е од големо значење за развојот на нашата економија – рече заменик премиерот на Полска, Јануш Пјехочински. 
 
Мадрид – Сингапурскиот државен инвестициски гигант Темасек и кинеската нафтена групација Синопек, сакаат удел во шпанската Гас натуралу, вреден повеќе милијарди евра. Двете групации, независно една од друга, ја контактирале шпанската нафтена компанија Репсол, наведувајќи дека се заинтересирани за купување на нејзин 4,7 милијарди евра вреден удел во фирмата Гас натурал, наведе Фајненшел тајмс, повикувајќи се на извори запознати со состојбата. 
 
Вашингтон – Светска банка ја намали прогнозата за стопанскиот раст на источно азиските земји во развој за 2013 година, на 7,1 отсто. СБ повика на структурни реформи за да се обезбеди долгорочен раст во време на финансиска нестабилност. Прогнозата за овогодишниот раст на БДП е намалена од 7,8 отсто, колку што се очекуваше во април, а новата прогноза е пониска и од растот од 7,5 отсто од 2012 година и 8,3 отсто од 2011 година.  
 
Берн – Граѓанските активисти во Швајцарија бараат од државата да распише референдум за предлог да се воведе основна плата од 2.500 франци за сите возрасни. Активистите собраа над 100.000 потписи, колку што е потребно за услов за распишување на референдум. Комитетот за граѓански активизам бара сите возрасни граѓани на Швајцарија, без исклучок, да примаат од државата месечна плата од 2.500 швајцарски франци (2.040 евра) со цел да се обезбеди финансиска сигурност за целата популација.