Лани против Партизан, годинава славје над Црвена ѕвезда

МЗТ повторно победува, и тоа против „најголемите“

16.12.2013 13:16

Партизан се провлече, но не и вториот белградски евролигаш. Водечката Црвена ѕвезда падна во Скопје. МЗТ Скопје се радува на уште еден триумф над кошаркарски великан од овие простори.

„Работевме напорно и се подготвувавме, знаевме дека имаме квалитети и можност – ако дадеме се од себе и, најбитно, ако ја задржиме концентрацијата во второто полувреме, дека ќе имаме добри шанси да победиме. Бевме пожртвувани, се боревме, трчавме, скокавме 40 минути“, го опишува Тодор Гечевски најголемиот успех на клубот досега сезонава. 

Исклучително значаен за аеродромци ќе биде петтиот триумф во оваа АБА сезона, а само шести во вкупно 21 одигран натпревар, сметајќи го и Еврокупот. Јадранската лига е на половина, во вториот дел вниманието ќе се насочи на неа.

Се надевам дека оваа победа против овој квалитетен противник ќе ни ја подигне самодовербата што ја загубивме на последните натпревари и оти резултатите ќе бидат се подобри и подобри“, најавува Гечевски. 

За првото претставување пред скопската публика, новиот стратег Зоран Мартич склопи победнички мозаик. Ги освои симпатиите на навивачите за коишто смета дека имале огромен придонес во успехот.

„Не велам дека одигравме врвна одбрана, но факт е дека 40 минути работевме колку што сме способни во оваа ситуација. Мислам дека токму поради одбраната и поради енергијата во тој сегмент овој натпревар заврши во наша полза“, смета словенечкиот тренер на македонскиот првак.

МЗТ пак личи на екипа чија главна одлика е тимскиот дух. Тој брзо ќе треба да се пренесе и на Карл Џонс, американскиот плејмејкер кој е најново засилување на клубот. Три сезони минал на Универзитетот „Сент Џозеф“ во НЦАА, со просек од 16,8 поени по натпревар.