Арсенал-Баерн Минхен 1/8 финален хит

16.12.2013 13:19

Ждрепката за нокаут фазата од Лигата на фудбалските шампони не му беше наклонета на  актуелниот европски првак Баерн од Минхен, кој на патот на одбрана на титулата се соочува со лондонски Арсенал. И дуелот меѓу Манчестер Сити - Барселона  се издвојува со својата голема натпреварувачка привлечност.

Извлекувањето на двојките во седиштето на УЕФА во Нион беше полудиригирано, според кое првопласираните екипи од групите  и тимовите од иста земја во оваа натпреварувачка рунда не можат да играат меѓу себе, а второпласираните во групите првиот натпревар да го играат на свој терен.

Исходот од извлекувањето е следниов:

Манчестер Сити- Барселона

Олимпијакос- Манчестер јунајтед

Милан- Атлетико Мадрид

Баер Леверкузен- Пари Сен Жермен

Галатасарај- Челзи

Шалке- Реал Мадрид

Зенит- Борусија Дортмунд

Арсенал- Баерн Минхен

Термините за одигрување на првите натпревари се на 18,19,25 и 26 февруари, а реваншите на 11,12,18 и 19 март 2014 година.