Портланд царува на западот, Минесота прекина црна серија

16.12.2013 13:20

Портланд повторно има одличен старт на сезоната, Блејзерс по продолжението победија на гости кај Детроит со 111:109, за 21-та победа и 4 порази, скор со кој што се цврсто на врвот во Западната конференција. Во 11-та победа на гости, Олдриџ постигна 27 поени со 12 скокови и со 3 блокади, Лилард имаше 23 поени зачинети со 7 асистенции.
 
По 4 години без победа во меѓусебните дуели, кевин Лав со своите 30 поени и 9 прифатени топки, ја предводеше Минесота до триумф во дуелите со Мемфис. По 11 порази едно по друго, Тимбервулфс конечно победија против Гризлис, со 93:101.
 
Оклахома Сити гази се пред себе во последните 6 натпревари, 12 меча по ред не знае за пораз дома. Тандер имаше предност од 16 поени, во последните моменти од средбата со Орландо се поигруваше со нервите на публиката, но сепак стигна до конечен триумф од 101:98. Дјурант постигна 28 поени, патем имаше 9 скока и 5 додавања. Оклахома го реализира првиот перфектен скор по 12 домашни средби на стартот во НБА лигата, по Кливленд во 2008-та година.
 
На другите натпревари, Хјустон неочекувано загуби од Сакраменто, 106:91 во натпревар во кој што царуваше Руди Геј со 26 поени. Денвер го совлада Њу Орлеанс со 102:93 и Феникс се радуваше на гости кај Голден Стејт, со 106:102.