На граничниот премин Табановце синоќа, мобилните царински екипи спречија обид за шверц на 5,5 килограми хероин.

Запленети 5,5 килограми хероин

09.10.2013 13:02

На граничниот премин Табановце синоќа, мобилните царински екипи спречија обид за шверц на 5,5 килограми хероин.

 

На граничниот премин Табановце за излез од Република Македонија се пријави патничко моторно возило марка Rover 75 со албански регистарски ознаки управувано од албански државјанин, а како совозач во возилото било присутно уште едно лице  кое поседува албанско и грчко државјанство.

На прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават за царинска конторла, одговориле негативно по што е пристапено кон детална контрола на возилото.

При контролата со помош на фиберскоп на предната маска во левиот отвор од вентилацијата утврдено е дека каналите од вентилацијата и просторот кај сигурносното перниче (airbag) се преправани што веднаш даде индикации за можна сокриена стока во овој простор. По вклучување на вентилацијата забележано е дека на левата страна  пропушта помалку воздух. Во просторот на сигурносното перниче во фабричка шуплина специјално прилагодена за криење на стока пронајдени се 11 пакувања обвиткани со самолеплива трака наполенти со непозната кафеава прашкаста материја со вкупна тежина од околу 5,5 килограми. По извршено тестирање со тестери за дрога утврдено е дека се работи за хероин.

Во текот на спроведената предистражна постапка осомиченичените изјавиле дека неколку дена пред критичниот ден од лице државјанин на Р. Албанија по претходен договор набавиле 11 пакетчиња -хероин кои во просек тежат околу 500 грама. Осомничениот, со професија автомеханичар, ги искористил фабричките шуплини од возилото на пределот кај воздушното перниче  каде и ги сокрил сите 11 пакетчиња хероин. Намерата им била  дрогата да ја пренесат до Белград, Р.Србија.

Од истрагата е добиено сознание дека двајцата осомничени во период од еден месец, колку што го имаат возилото,  два пати го искористиле за пренесување на дрога во Италија и во Хрватска.

Хероинот е со голема чистина и со одличен квалитет и во големопродажба на нарко – пазарите во Европа достигнува цена 180.000 евра, додека на мало би можела да достигне и сума од 300.000 илјади евра.

Против сторителите, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Основно јавно обвинителство во Куманово.