10 натпревари казна за Шимуниќ

17.12.2013 11:53

Ветеранот во хрватската фудбалска репрезентација, Јосип Шимуниќ, е суспендиран на 10 натпревари, и ќе го пропушти Мундијалот во Бразил. Дисциплинската комисија на ФИФА се одлучи на ваков чекор поради непримерно скандирање на Шимуниќ по баражот за пласман на светското првенство против репрезентацијата на Исланд. По победата, со која Хрватска успеа да се квалификува за првенството, Шимуниќ неколку пати ги поздравил навивачите со зборовите „За дом“, на што фановите му одговориле со „Спремни“.

Ветеранот во хрватската фудбалска репрезентација, Јосип Шимуниќ, е суспендиран на 10 натпревари, и ќе го пропушти Мундијалот во Бразил. Дисциплинската комисија на ФИФА се одлучи на ваков чекор поради непримерно скандирање на Шимуниќ по баражот за пласман на светското првенство против репрезентацијата на Исланд. По победата, со која Хрватска успеа да се квалификува за првенството, Шимуниќ неколку пати ги поздравил навивачите со зборовите „За дом“, на што фановите му одговориле со „Спремни“.  Ваквото однесување во светската куќа на фудбалот било прогласено за дискриминаторско, бидејќи  бил употребен повик, кој за време на Втората светска војна е користен од усташкото движење. Покрај суспензијата, 35-годишниот Шимуниќ ќе мора да плати и парична казна во износ од 30 илјади швајцарски франци.