Мастерс 1000 – Синсинати

Први вистински искушенија за фаворитите!

14.08.2014 14:43

Пет од шеснаесете носители се веќе елиминирани, но тоа нема да влијае на квалитетот  на третото коло од тенискиот мастерс 1000 во Синсинати. Цонга беше истрошен по триумфот во Торонто, Бердих не е во добра форма, Димитров игра променливо, а Гулбис и Баутиста – Агут не ни беа во прогнозите за влез во завршницата. Главните фаворити се во конкуренција, за да ја потврдат традицијата дека девет од последните десет шампиони во Синсинати, во некој период во кариерата биле најдобри во светот.

Вистинските искушенија за преостанатите шест од осумте носители почнуваат денеска. Ѓоковиќ, кој се обидува да биде единствениот тенисер во историјата кој ги освоил сите турнири од мастерс серијата не блеска, но против Робредо има само еден пораз во седумте дуели и тоа во првиот пред девет години.

Откако стана првиот тенисер со 300 мастерс сингл - победи, рекордерот со пет пехари во Синсинати, Федерер ќе има сериозна обврска против Монфис. Французинот игра атрактивно и иако има негативен биланс против Федекс, 2:6, славеше во два од последните три меѓусебни меча.

Ниту на двојниот шампион Мареј нема да му биде лесно, без разлика што во двата досегашни дуела беше подобар од Иснер. Сервисот на Американецот, кој лани беше финалист, е убиствен на бетонот во Синсинати.  

Ферер е треторангиран, но против Јужни, кој го елиминираше Цонга, има негативно минато, 3:5. Наизглед, најлесна е задачата на петтиот носител Раониќ кој ќе игра против американскиот квалификант Џонсон. Канаѓанецот победи во единствената пресметка и тоа сезонава во Вашингтон.

Спорет моменталната форма, најпривлечен треба да биде дуелот меѓу Вавринка и Чилиќ во којшто Швајцарецот ќе влезе со подобра традиција, 6:2. Со овој меч, во 17 часот, ќе почнат преносите на МРТ собранискиот сервис.

Дел од третата рунда ќе бидат и дуелите Бенето – Јанович и Фоњини – Лу.