Македонско дерби во БИБЛ

Куманово и Кожув во балкански судир

17.12.2013 14:03

Македонските претставници во БИБЛ, Куманово и Кожув, со меѓусебен двобој вечер од 18.30 часот ќе завршат со настапите во првиот дел од сезоната во регионалната кошаркарска конкуренција. По седум одиграни средби досега и двете екипи се во врвот на табелата. Кумановци се лидери со пет победи и два пораза досега, а ќе настојуваат да ја сочуваат челната позиција со уште еден триумф, којшто би им бил петти во настапите пред домашната публика.

Македонските претставници во БИБЛ, Куманово и Кожув, со меѓусебен двобој вечер од 18.30 часот ќе завршат со настапите во првиот дел од сезоната во регионалната кошаркарска конкуренција. По седум одиграни средби досега и двете екипи се во врвот на табелата. Кумановци се лидери со пет победи и два пораза досега, а ќе настојуваат да ја сочуваат челната позиција со уште еден триумф, којшто би им бил петти во настапите пред домашната публика. Предводени од Луковиќ, Паран, Мишковиќ и Мандиќ, на таков начин во новата 2014 би влегле како најдобар тим во БИБЛ, без оглед на резултатите на другите натпревари.  

Кожув има четири победи и три порази досега и како третопласиран ќе гостува во Куманово со желба да ја наруши неприкосновеноста на противникот на домашен терен. Адут во прилог на гевгеличани ќе биде фактот што неодамна убедливо го совладаа Куманово на туѓ паркет во натпреварот од рамките на домашниот шампионат, што овој пат ќе биде силен повод тимот на Горан Димитриевиќ да сака да се одмазди. Кожув, пак, има желба бргу да се опорави по несреќниот домашен пораз од Приштина минатиот вторник и да не дозволи противникот значително да се оддалечи. Мијајловиќ, Пековиќ, Божовиќ и Мијајловиќ и на оваа средба ќе бидат главните адури на тренерот Марјан Србиновски.

До крајот на оваа 2013, во БИБЛ преостанува да се одиграат уште натпреварите Пеќ-Галил Гилбоа (утре, среда) и Балкан-Левски (четврток).