Фудбал - трансфери

Бејл чини 200 милиони евра

17.12.2013 14:19

Три ипол месеци по завршувањето на фудбалскиот преоден рок, сведувањето на сметките покажува неверојатни суми. Првичните бројки коишто и се познати на јавноста се само дел од вкупниот биланс, па за десетте најскапи трансфери остварени во ова лето, на разни  основи ќе бидат потрошени 1,2 милијарди евра. Реал Мадрид на Тотенхем за Герет Бејл ќе му плати обештетување од 100 милиони евра, но вкупниот трансфер на Велшанецот ќе чини околу двојно повеќе или прецизно 198,8.

Три ипол месеци по завршувањето на фудбалскиот преоден рок, сведувањето на сметките покажува неверојатни суми. Првичните бројки коишто и се познати на јавноста се само дел од вкупниот биланс, па за десетте најскапи трансфери остварени во ова лето, на разни  основи ќе бидат потрошени 1,2 милијарди евра. Реал Мадрид на Тотенхем за Герет Бејл ќе му плати обештетување од 100 милиони евра, но вкупниот трансфер на Велшанецот ќе чини околу двојно повеќе или прецизно 198,8. Во нив ќе влезат 60-те милиони евра за Бејл за шестгодишната верност,  30 милиони на име на данок, на агентите кои го реализираа трансферот ќе им припаднат 5 милиони, а „кралскиот клуб“ ќе има и дополнителни, административни трошоци од 3 милиони евра.

Според вкупната сума втор по вредност е Колумбиецот Радамел Фалкао за чиешто заминување од Атлетико Мадрид во Монако ќе бидат потрошени 150,3 милиони евра. Трет на оваа листа е Уругваецот  Едисон Кавани кој дресот на Наполи го замени со оној на ПСЖ за148,5 милиони евра. Следуваат трансферите на Бразилецот Неимар од Сантос во Барселона (124), на Германецот Месут Озил од Реал во Арсенал (117,6), на неговиот сонародник Марио Геце од Борусија Дортмунд во Баерн Минхен (114,2), на Маруан Фелаини од Евертон во Манчестер јунајтед (97), на Бразилецот Маркињос од Рома во Пари Сен Жермен (94,8), на Аргентинецот Гонзало Игуаин од Реал Мадрид во Наполи (88,3) и на Колумбиецот Џејмс Родригез од Порто во Монако (83,7) милиони евра