Атланта подобра од ЛА Лекјерс

17.12.2013 14:22

Кошаркарите на Атланта го совладаа Лос Анѓелес Лејкерс со 114:100, во еден од осумте натпревари во НБА лигата одиграни рано изутрина. Перо Антиќ беше на клупата, но без минутажа во 13 – та победа на’’јастребите’’ во 25 – от сезонски натпревар, со кој се треторангирани во источната конференција. Ал Хорфорд постигна 19 поени, а имаше и 11 скокови, а ’’дабл дабл’’ оствари и Џеф Тиг, со 21 поен и 10 асистенции. Кај гостите потфрли Коби Брајант, кој за 32 минути постигна 8 поени, и само 4 успешни удари од 14 обиди.

Кошаркарите на Атланта го совладаа Лос Анѓелес Лејкерс со 114:100, во еден од осумте натпревари во НБА лигата одиграни рано изутрина. Перо Антиќ беше на клупата, но без минутажа во 13 – та победа на’’јастребите’’ во 25 – от сезонски натпревар, со кој се треторангирани во источната конференција. Ал Хорфорд постигна 19 поени, а имаше и 11 скокови, а ’’дабл дабл’’ оствари и Џеф Тиг, со 21 поен и 10 асистенции. Кај гостите потфрли Коби Брајант, кој за 32 минути постигна 8 поени, и само 4 успешни удари од 14 обиди. Хил постигна 21 поен и 9 скокови, Гасол 16 поени и 10 скокови за Лејкерси, кои имаат негативен ефект во односот победи порази, 11– 13, со што и натаму се надвор од ’’плеј оф’’ зоната, засега на скромното 12 место.     

Големо изненадување приреди Детроит, со победата над Индијана со 101:96. Тоа беше прв пораз за лидерот на свој терен, а само 4 – ти сезонава, во која имаат 20 победи. Џош Смит со 30 поени ги предводеше гостите, кои се 5 – ти на истокот, со 12 победи и 14 загубени натпревари. Кај Индијана, Стивенсон заврши со 23 поени.  

Шампионот Мајами одигра ревијално против Јута, и ја постигна 18 – та победа, со 117:94. Големото трио постигна 77 поени, од кои Џејмс 30, Вејд 27, а Бош 20, додека кај гостите единствен расположен за надигрување беше Буркс. Со 31 поен. Убедливи беа и кошаркарите на Бруклин, во победата над Филаделфија со 130:94. Шестмина домашни играчи беа со двоцифрени поени, а своја вечер имаше Џонсон со 37 поени, од кои дури 10 тројки, постигнати од 14 обиди.

Во дербито на западот, ЛА Клиперс го декласираа Сан Антонио со 115:92, благодарение на тандемот Грифин – Пол, каде што крилниот центар постигна 27, а бекот 23 поени. Кај гостите Данкан беше назабележителен, со 17 поени и 11 скокови. Бостон славеше над Минесота 101:97, предводен од Салинџер со 24 поени, а кај гостите Лав постигна 27.

Два од натпреварите завршија со поен разлика, и во двата се радуваа гостите. Вашингтон славеше во Њујорк со 102:101, со 30 поени на Вебстер, а кај тимот од ’’големото јаболко’’, не помогна ни расположениот Ентони со 32 поена. Орландо победи во Чикаго со 82:81, предводен од Афало со 23 поени, а утеха на Денг му се 26 поени, со кои беше најефикасен на средбата.

По овие натпревари, екипата на Индијана останува на водечката позиција во Источната конференција со 20 победи и 4 порази, пред Мајами со 18 – 6, а на западот и воопшто во НБА лигата, Портланд има најдобар сооднос на победи и порази, 21 – 4, пред Оклахома Сити со 19 – 4, и Сан Антонио со 19 – 5.