Министерот Љупчо Димовски од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Москва

Министерот Димовски во посета на Москва

10.10.2013 10:56

Министерот Љупчо Димовски од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Москва

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски на покана од министерот за земјоделство на Руската Федерација, Николај Василевич Фјодоров, од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Москва.
 
За време на посетата, министерот Димовски ќе оствари средба со неговиот руски колега Василевич Фјодоров, на која, како што најави МЗШВ, ќе се разговара за понатамошното унапредување и проширување на соработката во земјоделството.