Втор ден дебата за Буџетот

17.12.2013 16:04

За власта развоен Буџет, но така не смета и опозицијата. Мнозинството вели дека со зголемувањето на средствата за капитални инвестиции за 20 проценти ќе се стимулира економијата и ќе се обезбеди растот в година. Нивните политички конкуренти обвинија дека немало ниту денар за енергетика.

Сега во Буџетот имаме за 20 % повеќе средства за капитални инвестии, односно 22, 4 милијарди денари. Во 2012-та биле 27 милијарди денари. Тоа се повеќе или помалку пари?”, изјави Панче Орцев, пратеник од СДСМ

Овие капитални инвестиции се реалност и никој не може да каже дека се фингира ситуацијата, дека зборуваме за некое идно време. Сите овие инвестиции се во тек, сите се добро планирани”, изјави Владанка Авировиќ, пратеничка од СПМ

Освен за капитални инвестиции, во новиот Буџет се предвидени и повеќе пари за субвенции, за покачување на платите, пензиите, социјалната помош. Според опозицијата, мнозинството се фали со зголемувањето на пензиите, а на пензионерите всушност им го даваат порамнувањето што им следува.

Владата на тенка узда ги држи граѓаните. Овој Буџет е таков и тоа е јасно како бел ден. Буџетот е речиси 3 милијарди евра. Буџетите во времето на СДСМ, во просек беа 1,6 милијарди”, изјави Гордан Георгиев, пратеник од СДСМ

Граѓаните, колку и да ги лажете се спокојни, дека со мерките на оваа Влада навреме ќе ја земат пензијата и ќе имаат покачување за пет проценти. Граѓаните се спокојни и знаат дека нема да ги загубат работните места, и дека од октомври ќе добијат ново покачување. Земјоделците знаат дека ќе добијат 140 милиони евра субвенции”, изјави Лилјана Кузмановска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ

Буџетската каса в година ќе тежи 2,87 милијарди евра. Дефицитот е проектиран на 3,5, инфлацијата на 3,3, а растот на БДП на 3,2 процента.

 Мартин Пушевски