О Д Л У К А ЗА ИЗМЕНА НА Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции

22.08.2014 16:15

Врз основа на член 51 став 2 алинеја 11 од Статутот на ЈРП Македонска Радио Телевизија бр. 02-3717/1 од 07.06.2013 година ( пречистен текст)  и  член 20 став 1 од Закон за поддршка на домашната музичка продукција (Службен весник на РМ бр.119/2013, а во врска со објавениот втор квартален конкурс од 12.04.2014 година, Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје, на ден 18.08.2014 година ја донесе следната:


О Д Л У К А ЗА ИЗМЕНА НА
Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции
број 02-5159/8 од 01.08.2014 година



Член 1


Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје врши измена на Одлуката за избор на изведувачи односно нови комопзиции бр.02-5159/8 од 01.08.2014 година, а врз основа на доставената Измена Бр.02-5159/9 од 15.08.2014 година  на Извештајот со број 02-5159/3 од 30 јули 2014 година од  Комисијата за одлучување по втор квартален конкурс објавен во месец Април 2014 година согласно Законот за поддршка на домашната музичка продукција.
СЕ МЕНУВА член 1 од Одлуката за избор на изведувачи односно нови композиции бр.02-5159/8 донесена на  01.08.2014 година  од Работоводниот орган на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје и  истиот  ГЛАСИ:

Член 1


Работоводниот орган на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска Радиотелевизија Скопје врз основа на доставената Измена број 02-5159/9 од 15.08.2014 година на Извештај со број 02-5159/3 од 30 јули 2014 година од Комисијата за одлучување по втор квартален конкурс објавен во месец Април 2014 година согласно Законот за поддршка на домашната музичка продукција, во состав Благоја Здравковски, Томислав Таневски, Методија Автовски, Тоде Спасовски, Радица Митиќ, Ристо Апостолов и Никола Фириев
 ДОНЕСЕ Одлука за избор на изведувачи, односно на нови композиции од вториот објавен квартален конкурс за 2014 година од 12.04.2014 година, односно избрани се следните изведувачи и прифатени се следните композиции и тоа:

Категорија „ТАЛЕНТИ“:

1.    АНЕТА РИСТОВА како изведувач на композицијата „СЕ ШТО САКАМ ЈАС“, автор на музика, текст и аранжман Кристијан Габровски, продуцент на аудиозапис и видеозапис ДФПМ ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.

Категорија „АФИРМИРАН ИЗВЕДУВАЧ“:

     Забавна музика

1.    АРИЈА БЕНД како изведувач на композицијата „СТОПИ СЕ ВО МЕНЕ“, автор на музика, текст и аранжман Ирена Стојановска, продуцент на аудиозапис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС ДООЕЛ Скопје и продуцент на видео запис  ДФПМ ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје,
2.    АЛЕКСАНДАР БЕЛОВ  како изведувач на композицијата „ДОБРО УТРО ДОБРИ ЛУЃЕ“, автор на музика, текст и аранжман Кристијан Габровски, продуцент на аудиозапис и видеозапис ДФПМ ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.
3.    РИНИ ДАУТИ  како изведувач на композицијата „ТИ СЈЕ МЕ“, автор на музика Ибраим Исламовски, автор на текст Рини Даути, автор на аранжманот И. И. Бале, продуцент на аудиозапис и видеозапис АВАНТГАРДЕААЉ ДОО СКОПЈЕ.

Народна музика

1.    ДУШКО ГЕОРГИЕВСКИ како изведувач на композицијата „ЛИЧНА ЕЛЕНА“, автор на музика, текст и аранжман Ѓорѓи Крстевски, продуцент на аудиозапис БАГИ КОМУНИКАЦИИ ДООЕЛ Скопје и продуцент на видеозапис  АВАРД ФИЛМ И ВИДЕО ДООЕЛ Скопје.

2.    АНЕТА МИЦЕВСКА како изведувач на композицијата „ДОБРЕДОЈДЕ“, автор на музика Јован Јованов, автор на текст Елвир Мекиќ, автор на аранжман Љупчо Чедомирски,  продуцент на аудиозапис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС ДООЕЛ Скопје, продуцент на видеозапис ФЛУКС ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.

3.    ЏЕМАИЛ МУРТИШИ како изведувач на композицијата „ФСХИХУ МОСТЕ ГЈЕЈНЕ“, автор на музика Мендерес Лумани, автор на текст Џемаил Муртиши, автор на аранжманот Ибраим Исламовски, продуцент на аудиозапис и видеозапис АВАНГАРДЕААЉ ДОО СКОПЈЕ.

4.    КАТЕРИНА БРЕЗЕВА  како изведувач на композицијата „ЉУБОВ КО ВО БАЈКИТЕ“, автор на музика и аранжман Горјан Стојановски, автор на текст Катерина Брезева, продуцент на аудиозапис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС ДООЕЛ Скопје, продуцент на видеозапис ДФПМ ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.



Категорија „ИСТАКНАТ ИЗВЕДУВАЧ“:

 Забавна музика

1.    ЕЛЕНА ПЕТРЕСКА ТОЛЕВСКА како изведувач на композицијата “НЕ ОСТАНА ВЕЌЕ НИШТО ОД НАС“, автор на музика, текст и аранжман Кристијан Габровски, продуцент на аудиозапис и продуцент на видеозапис  ДФПМ ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА.

2.    НАДЕ ТАЛЕВСКА  како изведувач на композицијата „ЖИВЕАМ“, автор на музика и аранжман Александар Масевски, автор на текст Билјана Пашариковска, продуцент на аудиозапис МАСИВ СКАЈ МЈУЗИК ДООЕЛ Скопје и продуцент на видеозапис  3Д ПРОЕКТ СТУДИО ДОО Скопје.

3.    ЗОРАН РУДАН ЦЕКИ како изведувач на композицијата „ЖИВОТ ВО ЧЕТИРИ ЧИНА“, автор на музика, текст и аранжман Зоран Рудан Цеки, продуцент на адиозапис и видеозапис  ЦЕЛОФАН ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.

4.    ДЕАН ЌУРЧИЕВ  како изведувач на композицијата „КРУГ НА ДОВЕРБА“, автор на музика, текст и аранжман Деан Ќурчиев, продуцент на адиозапис и видеозапис ЊУ ПЕЈЏ ПРОДАКШАН ДООЕЛ Скопје.

Народна музика

1.    АНАСТАСИЈА ПЕТРЕСКА како изведувач на композицијата „НЕРАСЦУТЕНА“, автор на музика и аранжман Тодор Трајчевски, автор на текст Драган Таневски,  продуцент на аудиозапис и видеозапис ЦЕЛОФАН ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.

Категорија „ВРВЕН ИЗВЕДУВАЧ“:

Забавна музика

1.    ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ како изведувач на композицијата „ШТО Е ТВОЕ, ТВОЕ Е “, автор на музика и аранжман Дамјан Лазаров , автор на текст Елвир Мекиќ, продуцент на аудиозапис ПЛАН Б ЕНТЕРТЕЈМЕНТ ДООЕЛ Скопје, продуцент на видео запис ДФПМ ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.

  Народна музика

1.    МИШКО КРСТЕВСКИ како изведувач на композицијата „НЕ ЖАЛАМ“, автор на музика, текст и аранжман Љупчо Чедомирски, продуцент на аудиозапис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС ДООЕЛ Скопје и продуцент на видеозапис  ДФПМ ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.

2.    НИНО ВЕЛИЧКОВСКИ како изведувач на композицијата „ТАМБУРО ЗАПЛАЧИ“, автор на музика, текст и аранжман Дарко Јовчевски, продуцент на аудиозапис ПЛАН Б ЕНТЕРТЕЈМНЕТ ДООЕЛ Скопје, продуцент на видеозапис ДФПМ ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.


Категорија „ДЕТСКИ КОМПОЗИЦИИ“:

1.    АЛЕКСАНДАР КИТЕВСКИ како автор на музика, текст и аранжман на  композицијата „ТАТКОВИНА“, продуцент на аудиозапис „ГИРЛАНДА“.

2.    ЛИДИЈА АТАНАСОСКА како автор на музика, текст и аранжман на композицијата „ТАТО“, продуцент на аудиозапис ИНТЕРМЕДИА ДООЕЛ Скопје.

3.    ЛИДИЈА АТАНАСОСКА како автор на музика, текст и аранжман на композицијата „СИТЕ ДА ЈА ЧУВАМЕ“, продуцент на аудиозапис ИНТЕРМЕДИА ДООЕЛ Скопје.


Категорија „КОМПОЗИЦИИ СО КОИ СЕ АФИРМИРААТ СЕМЕЈНИТЕ  ВРЕДНОСТИ ВО ОПШТЕСТВОТО ИЛИ МНОГУДЕТНИТЕ СЕМЕЈСТВА“:

1.    ЕЛВИР МЕКИЌ како изведувач на композицијата „СЕМЕЈСТВО“, автор на музика и аранжман Иван Јованов, автор на текст Елвир Мекиќ, продуцент на аудиозапис ГЛОБАЛ МЈУЗИК РЕКОРДС ДООЕЛ Скопје, продуцент на видеозапис ДФПМ ФЛУКС ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.

2.    ЕЛЕНА ПЕТРЕСКА ТОЛЕВСКА како изведувач на композицијата „СЕ НА СВОЕ МЕСТО Е“, автор на музика, текст и аранжман Кристијан Габровски, продуцент на аудиозапис и видеозапис ДФПМ ФАБРИКА ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје.


Категорија „ЅВЕЗДИ“:

1.    РОБЕРТИНО САЗДОВ (КУКУ ЛЕЛЕ)
2.      МИЛЕ КУЗМАНОВСКИ


    Член 2


    Овие измени  стануваат составен дел на Одлуката Бр.02-5159/8 од 01.08.2014 година за избор на изведувачи односно на нови композиции донесена од Работоводниот орган на Јавното Радиодифузно претпријатие Македонска Радиотелевизија и влегуваат во сила со денот на нивното донесување .
Одлуката Бр.02-5159/8 од 01.08.2014 година за избор на изведувачи односно на нови композиции донесена од Работоводниот орган на Јавното Радиодифузно претпријатие Македонска Радиотелевизија  во останатиот дел останува непромената и важи.


Член 3


Оваа Одлука за измена на Одлуката за избор на изведувачи односно на нови композиции број 02-5159/8 од 01.08.2014 година веднаш по донесувањето да се објави на веб страницата на ЈРП Македонска Радиотелевизија Скопје.



О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е



Врз основа на член 3 од Законот за подршка на домашна музичка продукција, а со цел потикнување на развојот на домашната забавна и народна музика, ЈРП Македонска Радиотелевизија со средства од Буџетот на Република Македонија, а по пат на конкурс, секоја година ќе финансира создавање на 200 нови комопзиции.
Со Решение број 02-569/5 од 11.04.2014 година, Работоводниот орган на ЈРП МРТ Скопје утврди Листа од која се избираат членови на Комисија за избор по конкурс за создавање на нови композиции, а согласно Законот за подршка на домашна музичка продукција.
Врз основа на член 16 од Законот по случаен избор (лотариски систем) се изврши избор од Листата на членови и со Одлука број 5159/2 16.07.2014 година Работоводниот орган на ЈРП МРТ ја формира Комисијата за избор по конкурс која ќе учествува во постапка за одлучување по конкурс објавен во 12.04.2014 година, а согласно Законот за подршка на домашната музичка продукција.
Комисијата во состав Радица Митиќ, Ристо Апостолов, Методија Автовски, Томислав Таневски, Тоде Спасовски, Никола Фириев и Благоја Здравковски по преслушувањето на композициите и разгледувањето на пријавите со потребните документи Комисијата до Работоводниот орган на ЈРП МРТ достави Извештај 5159/3 од 30.07.2014 година со предлог на изведувачи, односно композиции кои се прифатени на вториот квартален конкурс во 2014 година, согласно Законот за подршка на домашната музичка продукција и Измена и дополнување на Ивештајот, заведен со  број 5159/5 од 01.08.2014 година.
По доставените Извештаи, Работоводниот орган на ЈРП МРТ – Скопје, донесе Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции број 02-5159/8 од 01.08.2014 година.
Комисијата за одлучување по втор квартален конкурс објавен во месец април 2014 година, по донесувањето на  Одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции број 02-5159/8 од 01.08.2014 година од работоводниот орган на ЈРП МРТ, констатира дека има направени технички грешки во својот Извештај Број 5159/3 од 30.07.2014 година и Измена и дополнување на Ивештајот  број 5159/5 од 01.08.2014 година, па согласно тоа достави до Работоводниот орган на ЈРП Македонска РадиоТелевизија Измена број 02-5159/9 од 15.08.2014  на Извештајот број 02-5159/3 од 30 јули 2014 година.
Согласно доставениот Извештај број 02-5159/9 од 15.08.2014 година, Работоводниот орган на ЈРП МРТ Скопје во законски утврдениот рок одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.“



                         Работоводен орган на ЈРП МРТ Скопје