Седма пол позиција за Нико Розберг

23.08.2014 16:14

Германецот стигна до четвртата едно по друго, вкупно 12-та пол позиција во кариерата, на 12-то гран при сезонава.

Возачот на Мерцедес извозе уште една убедлива квалификациска сесија, овој пат на Спа во Белгија, со резулат што го остава во преден план за зголемување на предноста на табелата кај возачите. Секако, за конечниот поредок се прашува и Луис Хамилтон, кој што ќе стартува веднаш до клупскиот колега, на утрешната трка што од 14 часот ќе ја емитуваме на МТВ.

Од вториот ред, ќе почнат актуелниот и 4 кратен шампион, Себастијан Фетел со Ред Бул, пред Фернандо Алонсо од Ферари. Другиот возач на Ред Бул, Даниел Рикиардо е на 5-та позиција, другиот на Ферари, Кими Раиконен е на 8-та, а меѓу нив се Ботас од Вилијамс и Магнусен од Мекларен. Уште двајца возачи од британски екипи, Маса од Вилијамс и Батон од Мекларен, го комплетираат можеби најзвучниот топ 10 пласман сезонава.

Во поредокот, лидерот Розберг има 11 бодови предност пред Хамилтон, а екипата на Мерцедес е убедливо на чело кај конструкторите.