Мурињо размислува да го „врати“ Челзи во 2004

Победите со по 1-0 се најлесната работа во фудбалот

18.12.2013 12:36

Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо сериозно размислува да го промени стилот на игра на неговиот клуб и да се преориентира на начинот на игра којшто ги одликуваше „сините“ во периодот на неговиот прв мандат во клубот, од 2004 до 2007.

Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо сериозно размислува да го промени стилот на игра на неговиот клуб и да се преориентира на начинот на игра којшто ги одликуваше „сините“ во периодот на неговиот прв мандат во клубот, од 2004 до 2007.

„Би било фрустрирачки ако треба да направиме чекор наназад и повторно да почнеме да се обидуваме да победуваме во натпреварите со по 1-0, играјќи многу подефанзивно и со контранапади. И покрај квалитетот на фудбалери што го имаме, иако не сакам да играме така, се посериозно размислувам да го промениме пристапот“, изјави Мурињо по синоќешната елиминација на Челзи во четвртфиналето на Лига Купот. Неговиот тим по продолжение загуби на гости од последнопласираниот тим во Премиерлигата, Сандерленд со 2-1.

Португалскиот стручњак е принуден да бара алтернатива по поразите од Евертон, Њукасл и од Стоук во првенството, коишто им претходеа на овој во Лига Купот.

„Сакам екипата да продолжи да игра отворено како што игра сезонава, да напредува со офанзивниот стил, но не сме доволно ефикасни за да ги докрајчиме противниците“, ја истакнува Мурињо расочараноста што неговиот тим нема стрелец со убиствен гол-инстинкт. Оттаму произлегува и идејата за евентуални концепциски промени.

„Ако сте офанзивен тим, а не постигнувате доволно голови за да победувате, можеби вистинскиот пристап е да бидете подефанзивни, да примате што помалку погодоци и да победувате само со по некој даден гол. Тоа не е тоа што го сакам, не е тоа што го имам на ум во градењето на тимот, но...... Ако сакам да победувам со 1-0, можам. Тоа е една од најлесните работи во фудбалот. Не е тешко, се организирате дефанзивно, не им давате слобода на играчите да се изразат“, вели Мурињо. Ваквите негови зборови островските медиуми ги толкуваат како можност тој наскоро да воведе промени во играта на Челзи.