Без толеранција за навивачките испади

18.12.2013 12:39

УЕФА ги кази Олимпијакос и Зенит за поведението на нивните навивачи во натпреварите од Лигата на шампионите. Поради расистички скандирања и фрлање факели на теренот, европската куќа на фудбалот ќе затвори една од трибините на стадионот „Караискакис“ за натпреварот со Манчестер јунајтед од осминафиналето на шампионската конкуренција. 

Иста санкција доби и Зенит за претстојниот дуел со Борусија Дортмунд на отворањето на нокаут делот од Лигата на шампионите. Руските „ултраси“ се однесуваа некоректно на средбата со Австрија Виена во последното коло од групниот сегмент.

Покрај овие забрани, клубовите добија и парични казни. Олимпијакос ќе плати 30 000, а Зенит ќе ја збогати касата на УЕФА за 40 000 евра.