Конечно Брајант

18.12.2013 13:11

Коби Брајант постигна 21 поен во победата на Лејкерс против Гризлис, од 92:96. Предводникот на најгламурозната НБА франшиза, патем имаше и 5 скока и 4 асистенции. Пау Гасол го надополни ефектот на Брајант, со 21 поен и со 9 скокови. На другата страна, Зак Рендолф имаше 18 поени со 16 скока и со 5 додавања.
 
Дамиан Лилард беше прецизен за три, на 4 десетинки до крајот на мечот против Кливленд, за триумф на Блејзерс од 116:119. На крајот, зад неговото име беа запишани 36 поени, 8 скока и 10 асистенции. Ова воедно беше и негова осма тројка на еден натпревар, со што го подобри личното рекордно остварување. Кај поразените, Кајри Ирвинг реализира 25 поени со 10 асистенции.
 
Мемфис - ЛА Лејкерс 92:96
Кливленд - Портланд 116:119
Шарлот - Сакраменто 95:87
Денвер - Оклахома 93:105
Голден Стејт - Њу Орлеанс 103:94
 
Бранко Чупески