Банките во 2014-та ќе го одврзат ќесето

18.12.2013 16:20

Економскиот раст ги подгреа надежите на компаниите дека банките в година конечно ќе го засилат кредитирањето. Банкарите ветија дека ќе го одврзат ќесето, поттикнати од добрите економски резултати.

Економскиот раст ги подгреа надежите на компаниите дека банките в година конечно ќе го засилат кредитирањето. Банкарите ветија дека ќе го одврзат ќесето, поттикнати од добрите економски резултати.

Во текот на наредната година ќе се зголемат кредитните активности. Особено охрабруваат податоците на Државниот завод за статистика дека и во третиот квартал има пораст на економијата, што укажува на тоа дека банкарскиот сектор ќе заживее. Ликвидноста е голема, има многу пари и тие пари треба некаде да се пласираат”, изјави Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Здружението за банкарство

Кредитирањето на фирмите годинава каскаше зад кредитирањето на граѓаните. Ако порастот кај населението се движи околу 8 проценти, кај фирмите е само 1 насто. Токму затоа, во неколку наврати, вицепремиерот Ставрески, гувернерот Богов и бизнис-заедницата упатија апели до банкарите, посилно да застанат зад приватниот сектор.

Ќе се ослободат одредени парични средства за кои сметаме и се надеваме дека попродуктивно ќе се пласираат во стопанството, нормално врз основа на издржани проекти, за кои самите банки сметаат дека ќе ги оплодат нивните вложени средства во наредниот период”, изјави Митко Алексов, извршен директор на ССК

Јанчевски не очекува поголемо окрупнување во банкарскиот сектор, односно спојување на помалите банки, нешто што го препорачуваа економските аналитичари. Како Здружение од Владата бараат неколку измени: кај давањето известувања на американските граѓани кои имаат сметки во македонски банки, кај законите за проценители, за извршување и за девизно работење.

Инаку, Ѓорѓи Јанчевски и во наредните четири години ќе продолжи да го води Здружението за банкарство, откако денеска беше реизбран на позицијата.

Новинар: Мартин Пушевски