Сезоната може да почне

19.12.2013 09:28

Официјалниот старт на натпреварувачката година донесе огромен товар на плеќите и уште поголеми проблеми во составот. Продолжи со најнеочекуваните разултати, во првата фаза. Македонскиот кошаркарски шампион, конечно ќе здивне.
 
Помина и тоа, завршија настапите во Еврокупот. Им олесна на сите. Испуштија по една голема, голема воздишка играчите кои што ќе се насочат кон АБА лигата.
 
Истото го направија и навивачите, кои што конечно ќе скандираат само на полигон со реални шанси за радост.
 
Официјалниот старт на натпреварувачката година донесе огромен товар на плеќите и уште поголеми проблеми во составот. Продолжи со најнеочекуваните разултати, во првата фаза. Македонскиот кошаркарски шампион, конечно ќе здивне.
 
Помина и тоа, завршија настапите во Еврокупот. Им олесна на сите. Испуштија по една голема, голема воздишка играчите кои што ќе се насочат кон АБА лигата.
 
Истото го направија и навивачите, кои што конечно ќе скандираат само на полигон со реални шанси за радост.
 
А воздишка, можеби и најголема, сигурно излезе од душата на раководството. Челниците на МЗТ Скопје мора да седнат и детално да ја сумираат оваа, да ги извлеча заклучоците и максимално да се подготват, за следната европска авантура.
 
МЗТ Скопје (1/9) остана на дното во групата Г, откако доживеа уште еден нокдаун во СЦ Борис Трајковски (62:88), од УНИКС Казањ во 10-то коло во УЛЕБ Еврокупот.
 
Руската машинерија провеа низ нашата престолнина и на присутната (за жал само) 3.500 публика во СЦБТ изворно и покажа, што е тоа евролигашка кошарка.
 
Испаднаа во квалификациската рунда и не се пласираа во Евролига, но кошаркарите на УНИКС Казањ единствени имаат 10/0 во првата фаза по групи, во второто според ранкинг европско клупско натпреварување. Освен што оваа сезона ќе јуришаат на тронот во Еврокупот, наредната повторно и со многу поголеми шанси, ќе атакуваат на пласман во елитата.
 
Индивидуално земено, учинокот останува небитен по тешкиот пораз, кој што сепак може слободно да кажеме, беше пресметан и дел од големата руки лекција, што МЗТ мора да ја свари многу брзо и да се насочи кон останатиот дел од сезоната.
 
Конкретно, во последниот меч друго и не можеше да се очекува, против состав со екс кошаркари на Лејкерс (Гудлок), Барселона (Еидсон), Панатинаикос (Кајмакоглу, Вујукас) и ЦСКА (Зисис, Курбанов), предводени од грчкиот селектор, Андреа Тринкиери.
 
Останува впечатокот, дека можеше да се извлече уште некоја победа. На пример против Рига, Макаби или Талин. Ех, да не беа повредите на клучните кошаркари на стартот и да не беше ЕП кое што ги истошти носителите на играта на МЗТ пред почетокот на сезоната. Но и тоа е дел од лекцијата, а модерната кошарка е како животот, само најсилните преживуваат.
 
Следната рунда од натпреварувачката година е витална за Аеродромци. Во предвечерјето на спуштањето на завесата во континенталното натпреварување, во Скопје падна Црвена Звезда. Одлично се претстави новото име Иван Маринковиќ, истото му го посакуваме и на Американецот Карл Џонс.
 
Арсеналот и потенцијалот на македонскиот претставник на Јадранот, не може да ги оспори никој. Останува тренерот Зоран Мартич, да ги исканализира во вистинска насока. Хемијата го доведе МЗТ до 7-та позиција во АБА лигата минатата сезона, зошто тоа (најмалку) да не се повтори и во тековната.
 
 
Откако падна лидерот Звезда, сега небото ни е граница. Конечно ја срушивме и српската бариера и на клупски план. Следнниот дуел на МЗТ Скопје Аеродром е гостувањето кај Раднички, в сабота (19:00, МТВ). Годината ќе заврши со многу симболика, на гости кај Унион Олимпија и Алеш Пипан, в сабота на 28-ми декември (19:00, МТВ).
 
Бранко Чупески