УС Опен остана без Ферер, Шарапова, Јанковиќ

01.09.2014 16:59

На последниот тениски гренд-слем во годината, „Флашинг Медоус“ во Њујорк, ден за почеток на осминафиналните борби во машка конкуренција. Понеделнички ќе вкрстат: Ѓоковиќ-Колшрајбер, Мареј-Цонга, Вавринка-Робредо и Раониќ-Нишикори. Дамите се нешто понапред, па им преостануваат последните четири меча од оваа фаза: Серена Вилијамс-Канепи, Пенета-Делаква, Азаренка-Круниќ и Бушар-Макарова.

На последниот тениски гренд-слем во годината, „Флашинг Медоус“ во Њујорк, ден за почеток на осминафиналните борби во машка конкуренција. Понеделнички ќе вкрстат: Ѓоковиќ-Колшрајбер, Мареј-Цонга, Вавринка-Робредо и Раониќ-Нишикори. Дамите се нешто понапред, па им преостануваат последните четири меча од оваа фаза: Серена Вилијамс-Канепи, Пенета-Делаква, Азаренка-Круниќ и Бушар-Макарова.

Крајот на првата седмица донесе елиминација на четвртиот носител Давид Ферер. Во 1/16-финалето Шпанецот се сопна на Жил Симон и загуби со 3-1 во сетови. Таквиот епилог му го олеснува патот натаму на Марин Чилиќ, којшто во четири сета беше подобар од Кенет Андерсон. Неколкучасовниот прекин поради дожд и невреме само накратко му ја наруши концентрацијата на Роџер Федерер, којшто го загуби првиот сет против Марсел Гранољерс со 6-4. Наредните три вториот турнирски рекет ги освои со по 6-1. Следен ривал ќе му биде Роберто Баутиста Агут, којшто во три сета славеше над Алекс Манарино. Во другите мечеви од третото коло, Бердих со 3-0 го совлада Габашвили, Лопез беше подобар од Тием, Монфис во францускиот двобој го исфрли сонародникот Гаске, додека четири сета одигра само Димитров за полн погодок против Гофан.

Завршницата на женскиот дел од турнирот останува со само две тенисерки од најдобрите 10 на светот. Од најзвучните имиња, последни се елиминирани Марија Шарапова и Јелена Јанковиќ. Шампионката на „Ролан Гарос’, петторангираната Шарапова во осминафиналето загуби од десеттата фаворитка Каролине Вознијаки и рано ја прокоцка шансата конечно во една сезона да освои два гренд-слем турнира. Поранешната тенисерка број 1 на ВТА листата ноќеска победи со 6-4, 2-6 и 6-2 и се пласираше во првото четвртфинале на најголемите турнири по Австралија 2012. Во него Вознијаки ќе игра со Сара Ерани, којашто во три сета ја исфрли Мирјана Лучиќ. Изненадувањето на денот во Њујорк го направи 17-годишната Швајцарка Белинда Бенчич, со триумфот над деветтата носителка Јелена Јанковиќ. 58-та светска тенисерка Бенчич славеше со 7-6 и 6-3 по сетови, по што во наредното коло ќе игра со Шуаи Пенг. Кинеската ја совлада Луси Сафарова со 6-3 и 6-4 по сетови.