Тенис

Ѓоковиќ и Мареј цврсто газат, Раониќ елиминиран

02.09.2014 13:51

Во синоќешните мечеви од 4 рунда на „УСА опен“ првиот фаворит Новак Ѓоковиќ во три сета го совлада Филип Колшрајбер. По доминацијата на Србинот во првиот сет со 6 : 1, Германецот пружу многу посилен отпор во следните два, кои сепак завршија со 7 : 5 и 6 : 4 за Ѓоковиќ. Негов противник во четвртфиналето е осморангираниот Енди Мареј, кој исто така со 3 : 0 го елиминира 9 носител Жо Вилфред Цонга, по сетови 7 : 5, 7 : 5 и 6 : 4. Вториот дуел на Топ 10 фаворитите донесе најдраматична борба, а по многу пресврти Кеи Нишикори го победи Милош Раониќ.

Во синоќешните мечеви од 4 рунда на „УСА опен“ првиот фаворит Новак Ѓоковиќ во три сета го совлада Филип Колшрајбер. По доминацијата на Србинот во првиот сет со 6 : 1, Германецот пружу многу посилен отпор во следните два, кои сепак завршија со 7 : 5 и 6 : 4 за Ѓоковиќ. Негов противник во четвртфиналето е осморангираниот Енди Мареј, кој исто така со 3 : 0 го елиминира 9 носител Жо Вилфред Цонга, по сетови 7 : 5, 7 : 5 и 6 : 4. Вториот дуел на Топ 10 фаворитите донесе најдраматична борба, а по многу пресврти Кеи Нишикори го победи Милош Раониќ. Канаѓанецот кој е 5 носител ги доби првиот и третиот сет, но Јапонецот кој е 10 на АТП листата успеа да се врати и да го добие мечот со 4 : 6, 7 : 6, 6 : 7, 7 : 5 и 6 : 4. Во следната фаза тој ќе игра со третиот носител Станислас Вавринка, кој со 3 : 1 беше подобар од Томи Робредо, по сетови 7 : 5, 4 : 6, 7 : 6 и 6 : 2.

Во денешната програма ќе се комплетираат останатите четвртфинални двојки, по мечевите Бердих – Тием, Чилиќ – Симон, Димитров – Монфис и Баутиста Агут – Федерер.