Начин на плаќање на радиодифузната такса

03.09.2014 10:10
Плаќањето на радиодифузната такса се врши врз основа решението за утврдување на радиодифузна такса, “РДТ-ФЛ“ за семејните домаќинства, односно “РДТ-ПЛ“ за правните лица, кои од 1 јанури 2011 година ги издава Управата за јавни приходи. Решенијата се доставуваат за секој месец, одделно.
 
РОК ЗА ПЛАЌАЊЕ
 
Плаќањето на радиодифузната такса се врши најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец (пр. радиодифузната такса за месец Јануари треба да се плати до 15-ти Февруари).
Во случај на задоцнето плаќање, се пресметува камата од 0,03% на износот кој нема да го платите во законскиот рок и тоа за секој ден задоцнување.
 
СМЕТКИ ЗА УПЛАТА НА РДТ
 
Плаќањето на радиодифузната такса може да го извршите на било која од следните трансакциски сметки на ЈП МРТ:
 
Комерцијална банка АД Скопје - 300000002318627
Шпаркасе банка Македонија АД Скопје - 250001002999026
НЛБ Тутунска банка АД Скопје - 210040634060360
Халк банка АД Скопје - 270040634060270
Стопанска банка АД Скопје - 200002772386383
Еуростандард АД Скопје - 370011200112691
 
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
 
Врз основа на податоците од решението на УЈП, плаќањето на радиодифузна такса се врши на образец ПП 10 - налог за готовинско плаќање или на образец ПП 30 - налог за безготовинско плаќање.
 

*Пример за пополнет ПП 10 образец

 

*Пример за пополнет ПП 30 образец

 

 
  • Предвремено плаќање на радиодифузната такса за следни периоди
 
Обврзникот по сопствено изјаснување може да изврши плаќање на радиодифузната такса за повеќе месеци, односно за цела календарска година.
 
Во случај на предвремено плаќање, задолжително треба да се внесе податокот за фолио бројот од решението за плаќање на радиодифузна такса за да може уплатата за обврзникот точно да се идентификува во Управата за јавни приходи.
 
  • Плаќање со траен налог
 
Обврзниците за радиодифузна такса имаат можност за плаќање на радиодифузната такса со траен налог, но во тој случај треба да потпишат договор со носителот на платниот промет, односно банката.
 
За повеќе информации во врска со плаќањето на радиодифузната такса обратете се во 
Инфо центарот на УЈП на телефонот 0800 33 000