Финале: Баерн Минхен- Раја Казабланка

19.12.2013 11:00

Вториот финалист на светското клупско првенство во Мароко е  Раја Казабланка. Мароканскиот тим направи изненадување во полуфиналето совладувајќи го бразилскиот Атлетико Минеиро со 3:1. Со головите на Лажур, Мутуали и Мабиде Раја Казабланка стигна до сензационалниот резултат. Славниот Роналдињо беше стрелец на погодокот за Атлетико Минеиро. Раја Казабланка е втората африканска екипа во историјата на ова натпреварување, која ќе биде дел од завршниот меч. Финалето Баерн Минхен- Раја Казабланка ќе се одигра на 21 декември на стадионот во Маракеш.

Вториот финалист на светското клупско првенство во Мароко е  Раја Казабланка. Мароканскиот тим направи изненадување во полуфиналето совладувајќи го бразилскиот Атлетико Минеиро со 3:1. Со головите на Лажур, Мутуали и Мабиде Раја Казабланка стигна до сензационалниот резултат. Славниот Роналдињо беше стрелец на погодокот за Атлетико Минеиро. Раја Казабланка е втората африканска екипа во историјата на ова натпреварување, која ќе биде дел од завршниот меч. Финалето Баерн Минхен- Раја Казабланка ќе се одигра на 21 декември на стадионот во Маракеш. За третото место ќе играат Гванжу- Атлетико Минеиро, а за петтото место, Ал Ахли – Монтереј.