Тенис

Пенг изненадувачка полуфиналистка на Ју Ес Опен

03.09.2014 10:35

Противничка на Пенг во мечот за финале ќе и биде поуспешната од мечот во кој се судираат Каролина Возниаки и Сара Ерани...

Завршница на тенискиот Гренд слем на Флашинг Медоу. На деветиот и десетиот ден во Њу Јорк ќе биде комплетирана четвртфиналната шема на машкиот турнир а кај тенисерките Шуанг Пенг е прва и изненадувачка полуфиналистка.

До резултатот на кариерата и историското  Гренд слем полуфинале, кинеската тенисерка Пенг дојде со убедливата победа во два сета , 6-2 и 6-1, над швајцарската квалификантка Белинда Бенчич.

Противничка на Пенг во мечот за финале ќе и биде поуспешната од мечот во кој се судираат Каролина Возниаки и Сара Ерани.

На машкиот дел од Ју Ес Опен, Гаел Монфилс стана четвртфиналист откако го елиминираше во три сета Григор Димитров ( 7-5, 7-6, 7-5 ).

И хрватот Марин Чилич напредува меѓу осумте најдобри во Њу Јорк, по маратонот во пет сета против Жил Симон ( 5-7, 7-6, 6-4, 3-6, 6-3 ).

Четвртфиналето ќе го заокружат дуелите: Бердих -Тием и Федерер – Баутиста Агут.