Тенис

Се стеснува УС „обрачот“

03.09.2014 11:11

Денеска супер понуда нуди 10-тиот ден со ¼ финале кај тенисерите за сите тениски гурмани, бројот еден и осум, Новак Ѓоковиќ- Енди Мареј...

На американскиот тениски грен-слем, уште еднаш се потврдува дека францускиот тенисер Монфис кој е жива атракција на терен, е кобен за високите носителски бројчиња. Овојпат мерка за ¼ финале му зема на 7-миот во Њу Јорк Димитров (7:5, 7:6, 7:5), за меч во 8-ката на турнирот со второ рангираниот Федерер. Швајцарецот за два часа и три сета пак, беше поуспешен од Баутиста(6:3, 6:2, 6:3). Федерер и Момфис свое последно соочување имаа на мастерсот пред еден месец во Синсинати каде не така лесно, но славеше Роже. 
 
Во преостанатите два меча за формирање ¼ финални пресметки, Чилиќ како турнирски број 14 славеше во тежок дулот со 26-тиот Симон(5:7, 7:6, 6:4, 3:6, 6:3). Бердих ќе му биде противникот од како во релативно лесен меч триумфираше над изненадувањето доттука австриецот Тим(6:1, 6:2, 6:4). 
 
Кај дамите како ½ финалистка со воодушевувачка партија се пиша Возњацки(10) која ја збриша италијанката Ерани(13) во два експресни сета, оставајќи и само гем за утеха(6:0, 6:1). Во ¼ финален дуел во кој и двете тенисерки немаат ранкинг пред своето име, Пенг од Кина се покажа како поуспешна од швајцарката Бенчиќ (6:2, 6:1). За Пенг ова е грен-слем ½ финале на кариерата во 10-тот учество во Њу Јорк. Досега најголемиот дострел и е едно 4 коло, останатото се сведува на прво, евентуално второ коло. Кинеската тенисерка оди на мегдан со разиграната Возњацки. 
 
Денеска супер понуда нуди 10-тиот ден со ¼ финале кај тенисерите за сите тениски гурмани, бројот еден и осум, Новак Ѓоковиќ-Енди Мареј. Ако ништо повеќе на овој терен си имаат за раздолжување овие двајца тенисер од годината 2012, кога го одиграа најдолгото УС опен финале, преку 5 сета со победа на британецот. Противник во ½ финалето на победникот од тој меч, ќе им биде подобриот од пресметката Вавринка(3)-Нишикори(10). 
Кај тенисерките ½ финалниот костур ќе се дооформува. Подобрите две од соочувањата на најдобрата на светот Серена Вилијамс и италијанката Пенета како и Азаренка наспроти Макарова ќе бркаат предпоследен меч во Њу Јорк.