Стрип книга за Кочо Рацин

19.12.2013 11:27

Во издание на македонскиот стрип центар со седиште во Велес објавена е стрип книгата за Кочо Рацин, за неговиот живот и песните. Сценариото е на Ване Трајков, а ликовно презентирање на сценариото направи Димитриј Михајловски.

Според авторите, во ова дело намерно не е даден  акцент на  детали  и поедини периоди од животот на Кочо Рацин . Важноста  е во практичната  примена на  стрип културата, нешто што сеуште е редок пример  во земјава.

Едноставниот пристап на раскажување на приказна преку слика ги плени луѓето од цел свет повеќе од еден век. Затоа стрипот се здоби со репутација на „деветта уметност“, тој е приказна која е базирана на сценарио и е раскажана преку слики . Еден од великаните на стрипот  Хуго Прат за стрипот појасни„ тој ги црта текстовите и ги пишува сликите“.

Стрипот за Рацин е објавен со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.