Истекува рокот за отпис на камати на достасаните обврски

19.12.2013 11:42

На 31 декември 2013 година истекува рокот за поднесување Барања за отпишување на пресметаните неплатени камати по основ на достасани обврски за придонеси од задолжително социјално осигурување кои настанале во периодот од јануари 2009 година, заклучно со декември 2012 година. УЈП ги повика  обврзниците да не го чекаат последниот рок за да ја искористат можноста за отпишување на каматите во износ од:   

- 100% камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето подносителот ја изврши во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на барањето.

   - 75% камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето подносителот ја изврши во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето.

   - 50% камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето подносителот ја изврши во рок од 18 месеци од денот на поднесувањето на барањето.

Овие услови се однесуваат на обврзниците кои редовно ги исполнуваат достасаните тековни обврски.