Кошарка – НБА

Мала минутажа за Антиќ во победата на Атланта

19.12.2013 14:03

Ефикасна ноќ во дванаесетте НБА натпревари. Атланта беше убедлива против Сакраменто со 124:107. Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ остана без поени во одиграните 5 минути и 38 секунди, промаши еден обид за три поени и имаше еден дефанзивен скок. Кајл Корвер реализираше 28, Ал Хорфорд 25.

Ефикасна ноќ во дванаесетте НБА натпревари. Атланта беше убедлива против Сакраменто со 124:107. Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ остана без поени во одиграните 5 минути и 38 секунди, промаши еден обид за три поени и имаше еден дефанзивен скок. Кајл Корвер реализираше 28, Ал Хорфорд 25.

Шампионот Мајами губеше 15 поени, но ја совлада Индијана којашто по Оклахома има втор ефект во лигата. 97:94 триумф на „Хит“ за кој првпат сезонава Двејн Вејд постигна 30 поени. Иако  повреден, Леброн Џејмс одигра одличен натпревар во којшто вгради 24 кошеви, 9 скока и 7 асистенции. Расположеното трио го комплетираше Крис Бош со 15 поени и 8 скока. Најефикасен кај „Пејсерс„ беше Пол Џорџ со 25 поени, но промаши тројка за израмнување во последната секунда.

Њујорк по две продолженија беше подобар на гости кај Милвоки со 107:101. Кармело Ентони мина 55 ипол минути на паркетот и постигна 29 поени, од коишто 9 во второто продолжение. Одлично го следеше Словенецот Бено Удрих со 20 кошеви. По пауза од 20 натпревари поради скршеница на ногата, Тајсон Чендлер се врати во тимот со по 9 кошеви и скокови и 3 блокади.

По дополнителни 5 минути беше решен и дуелот меѓу Торонто и Шарлот затоа што домашниот кошаркар Кајл Лоури три од 17-те поени постигна на 12 секунди пред крајот. Сепак славеа гостите со 104:102 благодарение на 29-те поени на Кемба Вокер и 24-те на Ал Џеферсон. Тоа што Демар Де Розан беше најефикасен на мечот со 30 кошеви не им донесе радоста на „Репторс“.

***

Резултати:

Атланта – Сакраменто         124:107

Мајами – Индијана               97:94

Милвоки – Њујорк                101:107 (по две продолженија)

Торонто – Шарлот                102:104 (по продолжение)

Орландо – Јута                      82:86

Бостон – Детроит                  106:107

Бруклин – Вашингтон          107:113

Минесота – Портланд          120:109

Далас – Мемфис                    105:91

Феникс – Сан Антонио        101:108

Хјустон – Чикаго                  109:94

Клиперс – Њу Орлеанс        108:95