УЕФА ја објави регулативата за ЕУРО 2016

Квалификациски натпревари преку цела недела

19.12.2013 14:20

Рекорден број фудбалски репрезентации, 53, ќе учествуваат во квалификациите за ЕУРО 2016 во Франција, на коешто првпат ќе играат 24 земји учеснички.

УЕФА официјално ги објави деталите, според коишто натпреварите од циклусот ќе се играат во периоди од по неколку дена, заради поголема посетеност. Селекциите ќе бидат поделени во вкупно квалификациски групи од по пет, односно по шест репрезентации. Претходно ќе бидат рангирани во неколку квалитативни категории, според УЕФА коефициентите на секоја од нив.

Најголема новина во распоредот на квалификациите ќе биде воведувањето на концептот „Недела на фудбалот“. Според него, натпреварите ќе се играат во периоди од по повеќе денови, од четврток до вторник. Идејата е да се зголеми гледаноста, па термините ќе бидат фиксни – во 18.00 и во 20.45 часот по средноевропско време во саботите и во неделите, односно само во 20.45 часот во четвртоците, петоците, понеделниците и во вторниците.

„Фактот дека ќе ги развлечеме квалификациите во неколку денови, наспроти досегашната практика кога сите репрезентации играа во ист ден, ќе придонесе за поголема гледаност“, објави Генералниот Секретар на УЕФА Џани Инфантино, појаснувајќи дека секој ден од „Неделата на фудбалот“ ќе содржи по осум до десет натпревари, за разлика од претходно, кога по 20-30 мечеви се играа во еден ден.

Ждрепката ќе се одржи во Ница на 23 февруари 2014.

Термини за квалификациите за ЕУРО 2016.

1.коло: 7/8/9 септември 2014

2.коло: 9/10/11 октомври 2014

3.коло: 12/13/14 октомври 2014

4.коло: 14/15/16 ноември 2014

5.коло: 27/28/29 март 2015

6.коло: 12/13/14 јуни 2015

7.коло: 3/4/5 септември 2015

8.коло: 6/7/8 септември 2015

9.коло: 8/9/10 октомври 2015

10.коло: 11/12/13 октомври 2015

На завршницата на ЕУРО 2016 директно ќе се пласираат деветте победници на групите, деветте второпласирани и најдобрата третопласирана репрезентација. Преостанатите осум селекции коишто ќе ги освојат третите места ќе играат баражи за да ги пополнат последните четири места на шампионатот.

Термини за баражите:

1.коло: 12/13/14 ноември 2015

2.коло: 15/16/17 ноември 2015