„Порака“ - 50 години грижа за лицата интелектуална попреченост

14.10.2013 11:13

Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ денеска во Музејот на македонската борба ќе одбележи 50 години активно делување

Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ денеска во Музејот  на македонската борба ќе одбележи 50 години активно делување.
 
На настанот по повод петдеценискиот јубилеј на „Порака“ ќе се обрати претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. 
 
„Порака“ како граѓанска, национална, родителска и непрофитна организација ги застапува правата и интересите на повеќе од 20.000 лица со интелектуална попреченост во Македонија. Во изминатите 50 години, како матична организација на лицата со интелектуална попреченост, „Порака“ беше носител на бројни иницијативи чија цел е создавање на општество во кое сите лица со интелектуална попреченост и нивните семејства ќе имаат достоинствен живот.