Тенис

Вилијамс – Возниаки во финалето на Флашинг Медоус

06.09.2014 09:53

На тенискиот гренд слем во Њу Јорк најголемата фаворитка Серена Вилијамс и десетата носителка Каролина Возниаки ја оформија двојката во финалето.

Вечерва неприкосновената број 1, Серена Вилијамс, го продолжи супериорниот марш на Ју Ес Опен, во мечот со Екатерина Макарова. Русинката беше збришана во два сета со 6-1 и 6-3.

Данската тенисерка Каролина Возниаки помалку се задржа на теренот во мечот што Кинеската Шуаи Пенг поради изнемоштеност го предаде во вториот сет при негатива од 4-3. Првиот сет во тај брек и припадна на фаворизираната Возниаки.

Серена Вилијамс во осмото финале на тенискиот гренд слем во Њу Јорк ќе го „брка“ шестиот трофеј, додека за Каролина Возниаки евентуален подвиг во финалето би и донел прва титула на Ју Ес Опен.

На машкиот дел од турнирот вечерва ќе бидат познати финалистите. Во првото полуфинале Новак Ѓоковиќ е фаворит против Кеи Нишикори како и Роџер Федерер со Марин Чилич во мечот потоа.