Тенис – УСА Опен

Сензација во Њујорк!

06.09.2014 22:51

Кеи Нишикори не го респектираше статусот, рејтингот, трофеите и не се исплаши од квалитетот на Новак Ѓоковиќ, па го елиминираше во полуфиналето на американскиот тениски грен - слем. Единаесетиот на светот, Нишикори не му дозволи на Ѓоковиќ по петтипат по ред да игра во финалето на „Били Џин Кинг Центарот“ затоа што беше подобар со 3:1.

Откако за 1:1 Јапонец го доби првиот сет со 6:4, а Србинот вториот со 6:1, клучен беше третиот кој во тај - брек со 7:4 поуспешен беше Нишикори. Големата победа, првиот јапонски тенисер во грен – слем финале, ја круниса со два брејка и со 6:3 во четвртиот сет.

Во многу елементи израмнетата статистика, решавачки беа брејк шансите. Нишикори искористи пет од седумте, додека Ѓоковиќ само четири од вкупно тринаесет. Јапонецот имаше и подобар прецент на сервисот 73, во однос на противничките 66. Најдобриот светски тенисер собра еден директен поен повеќе и имаше една неизнудена грешка помалку, но не го избегна вториот пораз од Нишикори. Јапонецот славеше пред три години во Базел, пред две Србинот беше подобар на Ролан Гарос, а поради повреда на Нишикори, полуфиналето во Мајами оваа сезона, му припадна на Ѓоковиќ, но без дуел на теренот.

За првата титула на турнирите од големата четворка, Нишикори ќе игра против подобриот од дуелот Роџер Федерер – Марин Чилиќ. Швајцарецот има пет трофеи во Њујорк и во исто толку мечеви никогаш не загубил од хрватскиот тенисер кој е само вторпат во кариерата во грен - слем полуфинале.