Хамилтон најдобар на Монца

07.09.2014 16:14

Луис Хамилтон стигна до 6-та победа сезонава и ја намали предноста на Росберг, од 29 на 22, во битката за титулата во 65-та Ф1 сезона. Со триумфот на Монца, Британецот го прекина постот од три трки, а во квалификациите беше прв пат на врвот, по 7.
 
Токму катастрофалниот старт можеше да го чини Хамилтон продлабочување на негативата во бодови и зголемување на психолошката криза, но со двете излетувања во првиот свиок, второто фатално за лидерската позиција, Розберг му дозволи на тимскиот колега да го направи ова првенство далеку поинтересно.
 
Во бодови на Монца, влегоа Фелипе Маса на третата позиција, потоа Ботас, Рикиардо, Фетел, Магнусен, Перез, Батон и Раиконен, кој што ја спасуваше честа на Ферари на домашниот автодром. Алонсо не ја заврши трката.
 
Следната, 14-та сезонава, е во Сингапур на 21-ви и во живо на МТВ.