Прогласување на најдобрите бизнис планови за 2013-та

14.10.2013 11:19

Министерството за економија денеска ќе ги прогласи најдобрите четири бизнис планови во рамки на проектот „Организирање натпревар за започнување бизнис“

Министерството за економија денеска ќе ги прогласи најдобрите четири бизнис планови во рамки на проектот  „Организирање натпревар за започнување бизнис“, чија цел е поттикнување на претприемничкиот дух меѓу младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за отворање сопствен бизнис.
 
На прогласувањето, што ќе се одржи во хотелот „Алексанадар Палас“, ќе се обрати министерот за економија Ваљон Сарачини, кој и ќе ги додели ваучерите за најдобрите четири бизнис планови за 2013 година.
 
На настанот ќе присуствуваат и ректорите на УКИМ Велимир Стојковски и на Државниот универзитет во Тетово, Вулнет Амети.