Ќе се подига нивото на финансиска писменост

Надлежните лансираа нов проект!

19.12.2013 16:51

“Човек кој има решение како референт е референтна стапка” – Ова е само еден од одговорите што ги добивме од граѓаните на прашањето “што е референтна стапка”.

Оваа слика надлежните сакаат да ја променат. Ќе ги учат граѓаните за значењето на економските поими и за разните финансиски продукти, за начинот како успешно да раководат со сопствениот буџет, со приходите и расходите, да можат мудро да ги носат вистинските одлуки во вистинско време.

“Ќе се настојува што подетално да се објаснат сите продукти што ги нудат финансиските институции во Република Македонија, да се објаснат сите придобиви за граѓаните, но и сите ризици што се нормални за одредени финансиски продукти, и на тој начин секој граѓанин ќе може поинформирано да ги носи своите одлуки”, изјави Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии на Р. Македонија

Проектот ќе почне со едукација на најмладите преку брошури, а потоа ќе ги опфати и повозрасните. Ќе учат како да менаџираат со парите, или во кои услови да земат кредит, дали е оправдана таквата одлука.  

“Без оглед на нивото на развој на земјата и на економијата, и без оглед на структурата на населението од аспект на степенот на образование, има потреба потреба од доближување на финансиските услуги до популацијата”, изјави Димитар Богов, гувернер на НБРМ

Истражувањето што го спроведе фондацијата “Евроцентар”, покажа дека само шест проценти од македонските граѓани се финаниски писмени, и на подолг рок ги планираат своите приходи и трошоци.

Мартин Пушевски