Гечевски најкорисен играч во 3.коло од АБА лигата

14.10.2013 11:25

Центарот на МЗТ Скопје Аеродром, Тодор Гечевски со освоени 39 индексни поени го доби признанието МВП на 3.коло од регионалната кошаркарска АБА лига.

Центарот на МЗТ Скопје Аеродром, Тодор Гечевски со освоени 39 индексни поени го доби признанието МВП на 3.коло од регионалната кошаркарска АБА лига. 
 
Популарниот Тоше во саботниот натпревар против Будуќност забележа 27 поени со реализација 1/3 за тројка, 10/13 за два и 4/4 за еден поен, оствари 10 скокови, три додавања и две блокади. 
 
Гечевски беше предводник во победата на македонскиот шампион од 78:71, втора во трите одиграни средби од новата сезона. 
 
Во ТОП 5 освен Гечевски влегоа и>
 
2. Борис Барач (Широки) со 27 инд.поени, 
3. Василије Мичиќ (Мега Визура) 27, 
4. Андрија Жижиќ (Цибона) 26 и 
5. Бобан Марјановиќ (Црвена Звезда) 25.