Мегаѕвездата на Барселона во конфликт со дел од бордот

Меси: Фаус не знае ништо за фудбалот

20.12.2013 14:02

Водечкиот клуб во шпанскиот фудбалски шампионат Барселона се соочува со ситуација некарактеристична за еден од светските великани во најпопуларниот спорт, откако Лионел Меси жестоко нападна еден од членовите на бордот на клубот, потпретседателот задолжен за финансии Хавиер Фаус, дека „не знае ништо за фудбалот“.

„Барселона е најдобриот клуб во светот и треба да биде претставуван од најдобри членови на бордот“, порача Меси во интервју за радиото РАЦ 1 во Аргентина, каде што се наоѓа на рехабилитација поради повредата на тетивата. „Господинот Фаус е некој што ништо не знае за фудбалот и сака да управува со Барселона како да води обичен бизнис, а клубот сигурно не е тоа“, изјави мегаѕвездата на клубот.

„Освен тоа, би сакал да го потсетамтој сењор дека ниту јас, ниту некој друг фудбалер не побарал какво било зголемување на платите и тој добро го знае тоа“, дополни Меси.

Острата порака на Меси уследи две недели откако Фаус излезе во јавноста со став дека не гледа причина зошто „тој сењор (мислејќи на Меси) би требало да добие повисока плата“, откако лани веќе му ги подобри условите и му го продолжи договорот до 2018 година.

Специфичноста на целиот случај е во тоа што Лионел Меси досега бил обично внимателен и многу претпазлив во јавните настапи, па затоа ова се толкува како преседан којшто уште повеќе ќе го засили притисокот со којшто се соочува клупската администрација на шпанскиот гигант којашто и онака важи за непопуларна. 

Драган Николовски