УЕФА ја подготвува ждрепката за ЕП 2016

Македонија во петтата квалитативна група

20.12.2013 14:42

Европската фудбалска асоцијација го подготвува текот на квалификациите за следното Европско првенство во 2016 година во Франција, кое ќе се одигра во нов формат. На 15-то Европско првенство бројката од 16 селекции  ќе биде зголемена на 24 учесници на завршниот турнир. Низ  квалификациите ќе минат  сите членки на УЕФА освен Франција , која е домаќин на првенството. Тоа значи дека 53-те земји во извлекувањето ќе бидат поделени во 9 групи со по 6 тимови, само  една група ќе има 5. Двете првопласирани репрезентации од секоја група ќе изборат директно учество на Европското првенство.

Европската фудбалска асоцијација го подготвува текот на квалификациите за следното Европско првенство во 2016 година во Франција, кое ќе се одигра во нов формат. На 15-то Европско првенство бројката од 16 селекции  ќе биде зголемена на 24 учесници на завршниот турнир. Низ  квалификациите ќе минат  сите членки на УЕФА освен Франција , која е домаќин на првенството. Тоа значи дека 53-те земји во извлекувањето ќе бидат поделени во 9 групи со по 6 тимови, само  една група ќе има 5. Двете првопласирани репрезентации од секоја група ќе изборат директно учество на Европското првенство. Најдобрата трето пласирана репрезентација исто така директно ќе оди во завршницата, додека преостанатите 8 третопласирани ќе играат  „бараж“ за преостанатите четири места.

На ждрепката, која ќе се влече на 23 февруари во Ница, групите ќе се формираат полудиригирано од  9 садови направени врз основа на  ранкингот  на листата на УЕФА. Според  моментниот коефициент на успешност, Македонија ќе биде во 5-та, претпоследна квалитативна група.

Квалификациите ќе започнат на 7 септември 2014 година.

Прв сад: Шпанија, Англија, Португалија, Грција, Русија, Холандија, Италија, БиХ

Втор сад: Хрватска, Белгија, Украина, Шведска, Данска, Швајцарија, Чешка, Унгарија, Ирска

Трет сад: Турција, Словенија, Израел, Србија, Норвешка, Словачка, Романија, Австрија, Црна Гора

Четврти сад: Ерменија, Полска, Шкотска, Финска, Летонија, Бугарија, Естонија, Белорусија, Велс

Петти сад: Исланд, С. Ирска, Кипар, Албанија, Литванија, Молдавија, МАКЕДОНИЈА, Азербејџан, Грузија

Шести сад: Луксембург, Казахстан, Лихтештајн, Фарски острови, Малта, Андорa, Сан Марино, Гибралтар