Уругваецот го продолжи договорот со Ливерпул

Суарез не го менува дресот

20.12.2013 15:51

Иако пред почетокот на сезоната инсистираше да си замине од екипата од „Енфилд“ пред се затоа што на настапува во Лигата на шампионите и не беше конкурентна за трофејот во Премиер лигата, Луис Суарез сепак го продолжи договорот со Ливерпул до 2018-та година. Уругваецот до крајот на сезоната ќе заработува по старо, значи по 160 илјади фунти неделно, додека во наредните четири години неговата седумдневна плата ќе изнесува 200 илјади фунти.

Во летниот преоден рок Арсенал за Суарез понуди 40 милиони плус една фунта, се шпекулираше дека сериозно е заинтересиран и Реал Мадрид, но голгетерот на Ливерпул изјави дека е пресреќен што потпишал нов договор и што неговата иднина е обезбедена. Суарез истакна дека ваквата одлука не би била можна без поддршката на навивачите и вети дека секогаш кога ќе го облече дресот на Ливерпул ќе остави се на теренот.

26 – годишниот Луис Суарез во Ливерпул дојде од Ајакс во јануари 2011-та, досега одигра 108 натпревари и постигна 68 гола. Неговата форма е особено импресивна сезонава, по „одлежувањето“ на казната од 10 меча, откако во финишот на минатиот шампионат во дуелот со Челзи го гризна Бане Ивановиќ. Во тековната сезона, уругвајскиот напаѓач настапи на 12 мечеви, реализираше 17 гола, од нив четири на дуелот со Норич и што е најинтересно заработи само еден жолт картон.