Формула 1

Осма брзина

15.09.2014 12:34

Тимот на Мерцедес ќе изврши корекција на менувачката кутија пред трката за големата награда на Сингапур, а конкурентите стравуваат дека перфомансите на мерцедесовиот болид ќе бидат уште поголеми.

Тимот на Мерцедес ќе изврши корекција на менувачката кутија пред трката за големата награда на Сингапур, а конкурентите стравуваат дека перфомансите на мерцедесовиот болид ќе бидат уште поголеми.

Имено, во пресрет на новата сезона што ја одбележа враќањето на турбоагрегатите во Формула1 спортот, ФИА пропиша менувачките кутии да имаат осум степени на пренос, а односите на запчаниците за одделни степени на преноси да бидат константни за целата сезона со исклучок на можноста да бидат сменети само еднаш. За разлика од претходните сезони кога немаше такви ограничувања тимовите речиси пред секоја трка го менуваа односите сега можноста за единствена промена е најавена од екипата на Мерцедес.

Во лидерскиот тим воочиле дека осмата брзина се покажала сосема непотребна и дека Росберг и Хамилтон за прв пат ја користеле само на трката во Монца што важи и за најбрза трка во шампионатот. Од тимот на Мерцедес сметаат дека поради големиот вртежен момент на новите В6 турбо мотори доволни би биле и 5 степени на пренос со што би се заштедело и на простот и на тежиона , но бидејќи е наложено да се има осум степени на пренос за преостанатите трки од шампионатот тие ќе го намалат соодносот и на тој начин би требало да добијат на брзина и експлозивност.

Дали со тоа ќе ја зголемат и доминацијата останува да се види веќе на следната трка во Сингапур, што се вози наредниот викенд.