Холивудските диви воодушевени од овие чевли

15.09.2014 14:27

Чевлите со шпиц со потпетици кои се врзуваат околу глуждот, се производ на лондонскиот бренд „Бионда Кастана“, а последните месеци ги носеа голем број познати дами...

Кејт Босворт, Ева Мендез, Оливија Палермо, Шерил Кол... сите тие ги „прошетаа“ најпосакуваните чевли во оваа сезона. Тоа што е најинтересно е дека не станува збор за чевли од некој познат бренд.
 
Чевлите со шпиц со потпетици кои се врзуваат околу глуждот, се производ на лондонскиот бренд „Бионда Кастана“, а последните месеци ги носеа голем број познати дами. Кејт Босворт ги носеше при претставување на нејзината апликација „Style Their“, Оливија Палермо кога се фотографираше за насловната страна на „Брајдс“ магазинот, а Шерил Кол во нив го прослави нејзиниот роденден.
 
Списокот на холивудски ѕвезди кои овие чевли „ги залудеа“ не завршува тука - Лизи Кеплан, Ема Робертс, Зои Салдана... исто така „паднаа“ на нив.
 
Иако брендот не е многу познат, цената е многу звучна - 800 долари (околу 620 евра). Чевлите се дизајнираат во Лондон, се прават рачно во Италија, а моделот е достапен во повеќе бои.