Формула 1

Во Сингапур мора да се штеди

18.09.2014 12:27

Трката што трае безмалку 2 часа и ограничувањето на количината на гориво на 100 килограми што е за 30 насто помалку од минатите сезони претпоставува дека безмалку сите болиди на крајот ќе останат со минимално количество гориво...

14-тата трка во сезоната за големата награда на Сингапур е специфична по многу работи, но уличната Марина Беј патека ќе биде најголем предизвик за В6 турбо агрегатите. Многуте свиоци , кратките правци и како што ја нарекуваат возачите во Ф1 тргни-застани патека ќе ги доведе во искушение секогаш „гладните“ агрегати во Ф1. Трката што трае безмалку 2 часа и ограничувањето на количината на гориво на 100 килограми што е за 30 насто помалку од минатите сезони  претпоставува дека безмалку сите болиди на крајот ќе останат со минимално количество гориво.

Токму тука во Рено ја гледаат својата шанса убедени дека направиле голем напредок во ефикасноста на другите погонски единици. Според нив долгите запирања оставаат доволно простор за  комплетно полнење на единицата што ја складира кинетичката енергиjа MGU-K што би требало да обезбеди доволно дополнителна енергија во секој круг, додека топлотната единица MGU-H ќе биде во втор план поради кратките правци, а со самото тоа и помалата енергија што би се добила од издувните гасови и ладењето на одделни системи.

Добрата кординација и управување со двата система според стручњаците на Рено би требало да бидат клучни за трката, а според нив Рено одлично напредувал во тој правец.