Нов пат до Каратманово и од Штип до Љуботен

15.10.2013 13:46

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска ќе ги посети општините Лозово и Штип

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска ќе ги посети општините Лозово и Штип.
 
Во рамките на посетата на општина Лозово, Јанакиески ќе присуствува на пуштањето во употреба на патот што ги поврзува магистралниот пат М - 5 со селото Каратманово.
 
Во Штип, ресорниот министер ќе го пушти во употреба патот Штип - Љуботен со крак 1 и 2.