Под рефлекторите на Марина Беј

19.09.2014 16:39

23 релативно бавни свиоци, високи температури ,лизгави градски улици и повеќе од 240 моќни рефлектори ги очекуваат возачите во формула 1 шампионатот во гламурот и прекрасната квечерина на југоистокот на Азија. По легендарната и брза Монца патеката Марина Беј е комплетна спротивност, градскиот асфалт е лизгав, потисната сила –даунфорсот сега добива клучна улога, сопирачките се максимално оптоварени, а големата потрошувачка на гориво лимитирана на 100 килограми во трката што трае безмалку 2 часа ќе треба да се компензира со одлична искористеност на кинетичите и топлотните системски единици.

23 релативно бавни свиоци, високи температури ,лизгави градски улици и повеќе од 240 моќни рефлектори ги очекуваат возачите во формула 1 шампионатот во гламурот и прекрасната квечерина на југоистокот на Азија. По легендарната и брза Монца патеката Марина Беј е комплетна спротивност, градскиот асфалт е лизгав, потисната сила –даунфорсот сега добива клучна улога, сопирачките се максимално оптоварени, а големата потрошувачка на гориво лимитирана на 100 килограми во трката што трае безмалку 2 часа ќе треба да се компензира со одлична искористеност на кинетичите и топлотните системски единици. Предизвик за возачите, но и за механичарите и инжињерите на тимовите. И повторно контроверзи. ФИА ја забрани, но веднаш ја допрецизира  можноста за комуникација на тимовите со возачите особено за техничките детаљи во текот на трката и подобрувањето на перфомансите. Ограничувањето на 5 агрегати по сезона и исто толку погонски единици и системи ги доведе повеќето тимови на самата граница на лимитот, па е за очекување да се случат и првите санкции со по 10 места на гридот поради надминување на дозволеното.Фетел и двоецот на Ферари веќе го користат 5-от В6 агрегат, а на германецот му откажа моторот уште на првиот тренинг.

Супер и меката компонента на Пирели треба да обезбедат добар грип, двете ДРС зони доволно простор за претекнување, иако за трката што ја нарекуваат Монако на истокот пол и добрата стартна позиција играат голема улога.НА досегашните 6 трки ,4 пати славел возачот што е на пол,Алонсо во контроверзната прва трка во 2008-та стигна до победа од 15тото место на гридот, а за одбележување е фактот дека досега на марина Беј славеле само светски шампиони. Алонсо во 2008-та и 2010тата, Хамилтон во 2009-тата и Фетел на последните три трки. Квалификациите за големата награда на Сингапур се утре од 15 часот, трката в недела од 14, а преносите на првиот програмски сервис на МРТ.