Мурињо ги ослободува играчите на Челзи од притисокот

Уште дванаесет години во Челзи, па две години селектор – и толку !

23.12.2013 15:28

Еден од најдобрите и најконтроверзни фудбалски тренери во светот, Жозе Мурињо, си постави амбициозна цел да биде менаџер на Челзи уште 12 години, иако изминатото лето се врати во Лондон под услови во договорот коишто се најлоши за него во последните шест сезони од кариерата. Според четиригодишниот договор којшто го потпиша во мај, Португалецот заработува  околу 10 милиони фунти по сезона, што е значително помалку отколку што добиваше од Реал Мадрид.

„Се надевам дека по крајот на овие четири сезони, ќе ја анализираме ситуацијата во којашто ќе се наоѓаме и оти и јас и клубот ќе бидеме среќни да продолжиме понатаму или среќни да се разделиме“, изјави Мурињо за „Гардијан“, дополнувајќи: „Сепак, јас би сакал да останам 12 години. Наредниот месец ќе наполнам 51 година, па затоа велам дека би останал овде уште 12 сезони, а потоа уште две би работел како селектор на португалската репрезентација. Англиската би ми била втор избор“.

Освен отворените пораки коишто ги упати до јавноста, но и до сопственикот Роман Абрамович, со кого во 2007 еднаш значително се разијде и си замина од „Стемфорд Бриџ“, Мурињо најави дека налето планира две звучни засилувања за коишто веројатно ќе потроши многу пари, но со кои ќе го направи Челзи „феноменален“. Менаџерот вели дека со нив ќе го склопи мозаикот, за којшто смета дека ќе донесе врвни резултати во наредните сезони, откако тековнава се наоѓа во своевиден период на транзиција.

Мурињо секогаш наоѓа начин да се најде во центарот на вниманието на медиумите на Островот пред значаен натпревар на неговиот тим, како што е вечерашното премиерлигашко соочување на Челзи со лондонскиот ривал Арсенал. Во првиот мандат како меначер на „сините“, Португалецот никогаш не загуби од „топчиите“ на Арсен Венгер.